Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чувал два килограми динамит во беровско

Чувал два килограми динамит во беровско

МВР при претрес во беровско пронајде два килограми динамит, при што приведен бил сопственикот.
„Денеска (05.09.2023) во 06 часот во с.Митрашинци, беровско, по добиена судска наредба од Основен суд Кочани, извршен е претрес во домот на Б.Б. (63) во с.Митрашинци. При извршениот претрес во куќата во која што тој живее, пронајдени се 22 пакувања со експлозив (околу два килограми) и 9 м бавногоречки фитил“, објави полицијата.
Б.Б. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слично

Поврзани вести