Чувал дрога кај девојката во Карпош, таа му викнала полиција
Тетовец на возраст од 38 години е осомничен од Основното јавно обвинителство Скопје за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, откако девојкаод Скопје го пријавила дека ја чува дрогата во нејзиниот стан во Карпош.
„На 9 септември, по пријава за нарушен јавен ред и мир, полициски службеници дошле во станот на улицата „Миле Поп Јорданов“ во Скопје, каде осомничениот престојувал со неговата девојка. Констатирале прекршок поради расправија на осомничениот со таткото на девојката, а таа на полицајците им предочила дека осомничениот имал некаков вид недозволени супстанции кои ги чува во нивниот дом. Како непосреден држател на станот таа дала согласност службени лица да влезат во домот и да извршат претрес, при што биле пронајдени 501 таблета од 3,4 метилен-диоксиметамфтамин, стимуланс на централниот нервен систем, спакувана во една поголема најлонска кеса“, соопшти Обвинителството.
До судијата доставен е предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.Предлогот е прифатен и на лицето му е одредено 30 дневен притвор поради околности што укажуваат на опасност од бегство, оправдан страв дека тој ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и вештаците и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело.
