Чупевска си поднесе оставка, имала суштински разлики со партиските концепти
Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупевска си поднесе оставка од партиската функција, потврди партискиот лидер, Венко Филипче.
„Да, поднесе оставка и со неа соработката ќе продолжи во друг формат“, рече Филипче.
ТВ24 ја објави нејзината оставка, каде Чупевска вели дека чекорот го презела поради суштински разлики во концептите на партијата како и поради разлики поврзани во методологијата кои влијаат на перспективите на СДСМ.
Оставката на Чупевска доаѓа во време кога лидерот на партијата Филипче најави смена на раководството по завршување на изборите.
Слично
