Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чулев: Кривична пријава за Васко Ковачевски, вршел изнуда од фирма која добила тендер за ископ на јаглен

Чулев: Кривична пријава за Васко Ковачевски, вршел изнуда од фирма која добила тендер за ископ на јаглен

Наќе Чулев, министерот за внатрешни работи, денеска во Битола информираше дека Одделот за организиран криминал од МВР поднел кривична пријава против Васко Ковачевски, генералниот директор на АД ЕЛМ, затоа што, како што вели тој, не реагирал на изнуда од реномирана фирма по добиен тендер за ископ на јаглен за РЕК Битола.

- Заедно со дел од раководството вршеле притисок врз фирма која го добила тендерот да отстапи дел од договорот на друга фирма-подизведувач, која нема капацитет и механизација за тоа, но е блиска до Социјалдемократскиот сојуз. Правното лице го одбило ова барање, но притисокот продолжил од директорот на РЕК Битола побарал поткуп од 250.000 евра. Откако фирмата ги одбила и двете барања, договорот бил еднострано раскинат и била активирана банкарската гаранција. Фирмата покренала граѓанска постапка и бара милион евра како обештетување, а истовремено го информирале и директорот на АД ЕСМ за овој случај, но тој не реагирал, рече Чулев во Битола.

Тој додава дека двата начаници го потпишале решението за непостапување од страна на Ковачевски со целокупниот доказен материјал и сега ја очекува реакцијата од Основното јавно обвинителство. 

- Согласно пријавата доставена до Министерството за внатрешни работи, претходниот директор и потесното раководството на РЕК Битола сториле кривични дела злоупотреба на службената положба и изнуда од правно лице кое на законски начин врз основа на законска постапка за јавна набавка склучило договор за извршување услуги со РЕК Битола, додаде Чулев.

Слично

Поврзани вести