Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чулев кажа која е првата задача откако стана технички министер

Чулев кажа која е првата задача откако стана технички министер

Мој приоритет во наредниот период ќе биде организирање мирни, фер и демократски избори, изјави попладнево технички министер за внатрешни работи, Наќе Чулев. 

„За таа цел ќе бидат преземени широк спектар активности за превенирање евентуални обиди на криминални, насилни и други структури за нарушување на изборниот процес. Дополнително, со оглед дека се работи за сензитивен безбедносен период, во соработка со меѓународни и други државни институции, ќе бидат преземени активности за стабилизација на државата, заштита на уставниот поредок и безбедноста на граѓаните“, рече Чулев.

Во Собранието попладнево е избраната техничката Влада која ќе треба да ги организира изборите закажани за 12 април. 

Вчера ВМРО-ДПМНЕ го предложи Чулев за технички министер за внатрешни, по што СДСМ го прифати предлогот, затоа што законски пречки нема, а претходно беше одбиен предлогот Драган Ковачки. 

Слично

Поврзани вести