Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чулев ги осуди заканите од Јакимовски, случаите со закани утре ќе ги пријави во СВР Скопје

Чулев ги осуди заканите од Јакимовски, случаите со закани утре ќе ги пријави во СВР Скопје

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев денеска лично контактирал со новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска кои добивале закани од Емил Јакимовски, вработен во Централниот регистар, пренесе МИА.

Чулев за МИА изјавич дека со Јордановска и Коровешовска е договорено утре да дојдат во СВР – Скопје, да ги пријават случаите и да ги донесат материјалните докази со цел итно процесуирање во Основното јавно обвинителство.

Тој најостро ги осудува сите манифестации на насилство, закани и навреди кон новинарите и другите претставници на медиумите.

-Сакам да упатам апел дека министерот за внатрешни работи нуди целосна соработка и поддршка за сите вакви случаи на насилство со цел идна превенција на закани и други форми на насилство. Јас лично како министер им стојам на располагање на медиумските работници 24 часа. Би сакал да потенцирам дека во контакти со здруженијата на новинарите и врз основа на добиени информации од службите на МВР ќе настојувам да се расветлат и сите досегашни закани и форми на насилство врз медиумските работници кои досега не се разрешени, рече Чулев за МИА.

Слично

Поврзани вести