ЧУДОТВОРНИОТ ЛЕК ЗА РАК, РАСТЕНИЕТО КОЗЛЕЦ Е ОТРОВЕН: Проф. Беќаровски ја алармира јавноста
Овие два дена ФБ е преплавен со чудотворниот лек за рак,
произведен од коренот на ова растението Козлец или Аrum Мaculatum, пишува познатиот токсиколог, проф. Нико Беќаровски.
-МЕДИЦИНСКИТЕ ФАКТИ СЕ СЛЕДНИВЕ:
Сите делови на ова растение, вклучувајќи го и коренот се ОТРОВНИ поради високото ниво на ОКСАЛАТИ.
Отровот триглохинин е цијаниден гликозид кој го содржи ова растение.
Најотровен дел на растението е плодот.
При долготрајна термичка обработка, најголем дел од отровот се уништува, но сепак не се елиминира комплетно.
При внес на само 3-4 бобинки се јавува изразито жарење, болки во стомакот, алергиски манифестации, проливи итн.
Дел од научните студии ќе бидат споделени во коментарите.
А веднаш под неговата објава, дел од коментарите се дека ова растение меѓу народот е познато како лек кој може да биде замена за хемотерапија.
-Докторе Козлецот е оддамна познат како замена за хемотерапија меѓу народот или козлец или хемо не се мешаат двете, плус Светогорските старци го спремаат коренот а не зрното, коренот е на мали коцкички и во мед и се зема секој ден по едно парче. Еве ме жива и здрава после Козлец, после отров од Камбо жаба директно аплициран на кожа и отров од плава шкорпија и куп церемонии со Шамани од Амазон и нивните медицини така да има мноогу лекови и алтернативи кои конвенционалната медицина и фармакологија ги знае ама не ги признава (прават синтетичка Камбо вакцина) од причини добро познати. На крај краева фармацијата црпи нели извори од природата за да направи лек, но за жал и доста синтетички состојки. Но, од непознати причини или добро познати причини мединината има проблем со поповите, поповите имаат проблем со се што не е во склад со нивното, алтернативната квантна медицина ја сметаат за секта, а народот си пати и умира во незнаење и бунило. Јас би додала на крај секој нека си го бара лекот каде што мисли дека ќе го најде, а некогаш е 5 пари што би рекле старите, но и мнооогу да се внимава треба, зошто многумина па и сакаат да заработат на туѓа мака, се вели во еден од коментарите.
