Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Чудо“ во малопродажбата: „Макпетрол“ ги поевтини бензините на нерегулиран пазар, ќе го следат ли и другите?

„Чудо“ во малопродажбата: „Макпетрол“ ги поевтини бензините на нерегулиран пазар, ќе го следат ли и другите?

„Макпетрол“ е првиот инпортер на горива кој ги објави утрешните цени по сопствено пазарно убедување и може да се заклучи дека бензините ќе бидат поевтини, додека дизелот ќе биде нешто поскап.

Во моментов цените на горивата во Македонија не се регулирани а така се очекува да биде до 20 мај до кога треба во сила да стапи новиот Закон за енергетика и новата методологија за регулирање на цените од страна на РКЕ.

Од Макпетрол кажуваат дека бидејќи се општествено одговорна компанија, работат за навремено да ги информираат купувачите, и да обезбедат квалитетни горива. Цените по кои Макпетрол ќе ги продава горивата се следните - Ultra 95+ Economy – 71,00 денари за лита, Ultra 100 Race Pro – 73,00 денари за литар, Ultra Diesel Green Power – 64,00 денари за литар, Ultra Diesel Bio Power се ќе се продава по цена од 65,00 денари за литар;

Во однос на досегашните цени (кои се валидни уште денес), бензините се поевтини за еден денар, додека дизелот е поскап за 0.5 односно 1 денар.

Последните малопродажни цени регулирани од РКЕ се: Моторни бензини ден/лит - ЕУРОСУПЕР БС - 95 до 72,00 2 - ЕУРОСУПЕР БС - 98 до 74,00 б) Дизел гориво ден/лит - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) до 63,50 в) Масло за горење ден/лит - екстра лесно 1 (ЕЛ-1) до 52,00 г) Мазут ден/кг - М-1 НС до 34,377 

Бидејќи „Макпетрол“ е доминантен на пазарот со малопродажба, се очекува овие цени да ги следат и другите конкуренти.
Слично

Поврзани вести