Економија, финансии, бизнис

Контакт

Човекот што делел отштета за охридскиот земјотрес, си земал и за себе

Човекот што делел отштета за охридскиот земјотрес, си земал и за себе

Човекот кој бил задолжен од општина Охрид да ја подели финансиската компензација за оштетените од охридскиот земјотрес во 2017-та си доделил пари и на своето потесно семејство со подметнување лажни аписници  иако не бие баратели на обештетување, јави Алфа ТВ.

Раде Вељаноски на чело на општинската комисија за проценка на штети делел пари и на семејства на неколку вработени во локалната самоуправа, а имало и други сомнителни исплати.

Привремениот градоначалник на Охрид, Константин Георгиевски, ја потврдил проневерата, а дисципинска комисија што ја формира општината го казнила парично Вељаноски со 30 отсто од платата во траење од 6 месеци. Георгиески ја повикал и полицијата да го испита случајот и очекува ажурност и од ОЈО бидејќи како што самиот кажува, дисциплинската комисија разгледувала само 4 случаи на исплата на сретства, а постоеле сомненија и за одредени други нерегуларности во исплата на штетите од земјотресите.

Некои граѓани на Охрид се уште немаат исплатени штети од земјотресот кој го погоди Охрид за време на туристичката сезона. Вкупните штети од земјотресите во 2017-та беа проценети на 58 милиони денари. До општинската комисија беа поднесени 854 барања за проценка на штети. 


Слично

Поврзани вести