Економија, финансии, бизнис

Контакт

Човекот кој го спаси Села раскажува што се случило

Човекот кој го спаси Села раскажува што се случило

Припадникот на собраниското обезбедување, Абдулфетах Алими од кумановско село Оризаре за Алсат –М, раскажува за тешките моменти што ги минал кога го спасувал пратеникот Зијадин Села од насилниците.

„Ме викна моја колешка, „Фетах, дојди зашто го убиле Села. Претходно, неколку минути бев во несвест, но Господ ми даде сила да трчам долу до првиот спрат. Кога дојдов до клубот на пратениците, го видов Села како лежи целиот облеан во крв. И јас помислив дека е мртов. Но, забележав дека дише, дека има пулс. Таму беа двајца хулигани на кои им реков „тргнете се зашто е мртов“, а тие помислија дека работата е завршена“ – изјави Алими. 

Абдулфетах го земал Села на грб и го однел во канцеларија на најгорниот кат.

„Кога влеговме, тој беше во тешка состојба. Јас го легнав на подот и ме праша „кој си“. Тогаш му кажав дека сум Фетах од собраниското обезбедување. Му дојде голема надеж, силна надеж. Ми рече: „Фетах, во твои раце сум“. Во тој момент му реков: „Зијадин, ако ме убијат, прости ми“– додава Алими. 

Абдулфетах и Села неколку часа биле сами. Во меѓувреме, во канцеларијата дошла медицинската сестра од Собранието за да му даде инфузија. Неколку часа подоцна стигнала група полицајци кои помогнале во нивното евакуирање. 

Слично

Поврзани вести