Човекот кој ги запали возилата пред бугарската амбасада ќе оди на психијатриско вештачење
Потпалувачот на возилата со дипломатски таблички во сопственост на бугарската амбасада паркирани пред нејзиниот влез најверојатно ќе оди на психијатриско вештачење.
Неговата адвокатка по службена должност Лидија Ристовска изјави дека ќе достави такво барање до судот, врз основа на досегашните сознанија на одбраната.
Адвокатката на осомничениот вели дека тој има лекарска документација за влошена психичка состојба, а неговата мајка телефонски ја информирала за неговата здравствена состојба. Освен тоа, тој неодамна доживеал сообраќајна несреќа, која исто така се одразила врз неговата вкупна прихофизичка состојба.
„Според ова, веројатно дека ќе се побара психијатриско вештачење за осомничениот“, изјави Ристовска за весникот Вечер.
Властите брзо го расчистија инцидентот.
Двочасовното блокирање на трите гранични премини со Бугарија в недела го организира фондацијата „Македонија“ на Виктор Стојанов, а за тоа, наводно, е добиена согласност од бугарското министерство за внатрешни работи.
Шефицата на бугарската дипломатија, Велислава Петрова-Чамова кажа дека тоа е контрапродуктивно.
