Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Човекот е или криминалец или не прави разлика меѓу правилно и неправилно“: Најчевска жестоко за постапките на Гаши

„Човекот е или криминалец или не прави разлика меѓу правилно и неправилно“: Најчевска жестоко за постапките на Гаши

Не стивнуваат реакциите во јавноста по патувањето на претседателот на Собранието на Македонија во соседно Косово на свадба со службен автомобил придружуван од неговото обезбедување. 

Иако граѓаните и „критичарите“ бараат одговори и одговорност од самиот претседател, тој се уште не се има огласено за патувањето во Косово, тоа го направи само неговата матична партија.

Во низата објаснувања кои не го оправдуваат однесувањето на Африм Гаши е и професорката Мирјана Најчевска која потенцира дека личност која за два месеци повеќе пати го криши законот не треба да биде претседател на Собранието. 

- Гаши го прекршил законот со проаѓањето на граница без почитување на процедурите на чело на цела колона автомобили кои поминале под негово закрилие.

Како може човек кој во рок од два месеци веќе три пати направи сериозни прекршувања на повеќе закони да биде претседател на највисокото законодавно тело.

Човекот е или криминалец или не прави разлика меѓу правилно и неправилно (со други зборови: деловно неспособен) - укажува Најчевска.

Еве ја нејзината објава: 


Од друга страна, вчера и министерот за внатрешни работи, Панче Тошкоски се обиде да го „пренасочи“ вниманието на друга страна, но само доби бројни негативни коментари на неговиот фејсбук профил. 

Тој објави дека има пропусти кај вработените на границата, кои пропуштиле сите возила кои го придружувале Гаши да заминат без проверки. Оваа објава само ги поттикна граѓаните да бараат поконкретни одговори, зошто на приватен настан се користат државни ресурси, од возила, па се до обезбедување.

Слично

Поврзани вести