Економија, финансии, бизнис

Контакт

Човек скокна од Камени Мост во Скопје

Човек скокна од Камени Мост во Скопје

Центарот за управување со кризи информира дека утринава непознато лице скокнало во коритото на реката Вардар од Камениот Мост во центарот на Скопје. 

ЦУК по добиената телефонска пријава, веднаш остварил комуникација и кординација со МВР и БППЗ на Град Скопје.

Човекот бил извлечен од корито на реката Вардар во близина на Министерството за надворешни работи. 

„Во 09:00 часот од страна на екипите на БППЗ на Град Скопје лицето е извлечено од реката Вардар и истото е предадено на Брзата Помош и истото е пренесено во Клинички Центар“, информира ЦУК.

Вчера беше пронајдено телото на повозрасен маж кој претходно скокна во водите на реката Вардар од мостот Близнак во Аеродром.


Слично

Поврзани вести