ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Човек што треба да ги контролира директорите на М-НАВ бил член и на комисијата за вработување

Човек што треба да ги контролира директорите на М-НАВ бил член и на комисијата за вработување

Член на надзорниот одбор што треба да ги контролира директорите на М-НАВ бил член на комисијата која одлучувала за вработувањата на повторениот оглас, на кој биле вработени Ивана Југ, сопруга на починатиот Игор Југ кој беше осуден за упадот во Собранието на 27 април, како и Атанас Стамнов, сопруг на директорката на Централниот регистар, Анита Стамнова, и потпретседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Филип Ѓорѓиев, потврдуваат за Фактор извори од М-НАВ.

Според информациите до кои дојде Фактор, на синдикалците не им било дозволено ниту да присуствуваат како надѕор при одлучувањето кој ќе биде вработен, иако тоа било дозволено претходниот пат, пред да биде повторен огласот, нешто што беше договорено за да се спречи штрајкот кој го најави Синдикатот на контролори на летање.

Синдикатот пак, ќе бара да биде поништен огласот, затоа што биле прескокнати ставки од колективниот договор, иако тие се на став дека повторениот оглас не требало воопшто да се случи.

Штрајкот не се случи затоа што владата вети дека ќе ги исполни барањата на Синдикатот, меѓу кои и „стоп“ за партиски вработувања, како и одобрение од Министерството за финансии за оглас за контролори за летање.

Александар Тодески

ad
Слично

Поврзани вести