Човек се удави во Охридското Езерo
Повозрасен човек се удави во Охридското Езеро. Шеесет и шест годишно лице попладнево е пронајдено без знаци на живот во водите на Охридското Езеро во близина на автокампот „Ас“ кај Струга.
Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, посочувајќи дека капачите на плажата го забележале телото. Екипа на Струшката брза помош интервенирала на лице место, а кај давеникот немало знаци за живот. Увид на местото извршила полициска екипа во присуство на јавен обвинител и медицински тим.
Слично
