Човек починал при минирање на рудник
Инжeнер во фирма „Мак-Дрил“ од Кавадарци починал oткако го погодил камен за време на минирање на ископ во рудникот „Говрлево“, соопшти полицијата, пренесува МИА.
Починато лице М.Н.(54) од Кавадарци, вработен како инженер во фирмата „Мак-Дрил“ вчера околу 14:25 часот пријавиле од итна медицинска помош. При минирање на ископ во рудникот „Говрлево“ камен го погодил во пределот на градите, по што починал на местото на настанот.
Извршен е увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Слично
