Човек од Пробиштип фалсификувал три рецепти за издавање на лекарства на наркозависници
Фалсификувал рецепти за издавање на лекарства на наркозависници.
Полициски службеници во Надворешната канцеларија за криминалистички работи извршиле службен разговор со И.Б. од Пробиштип, кој се сомничи дека искористил згодна прилика да фалсификува три рецепти за издавање на лекарства на наркозависници.
„За таа цел полициски службеници извршиле проверки во здравствена ординација во Пробиштип и во аптеки на подрачјето на Пробиштип, при што е констатиран направениот фалсификат, а рецептите се пронајдени и одземени од една од аптеките“, велат од полицијата.
За случајот е известен Јавен обвинител од ОЈО Штип и по негово целосно документирање ќе се следи поднесок.
Слично
