Економија, финансии, бизнис

Контакт

Човек без нога пливаше на охридски маратон

Човек без нога пливаше на охридски маратон

Корнелијас Јоханес(56) од Холандија, кој има една нога, викендов пливаше на охридскиот маратон, објави Охриднет. 

Холанѓанецот, кој ја изгубил ногата во тешка сообраќајна несреќа, покажа дека физичките недостатоци не мора да бидат препрека за големи подвизи.

„Човек како мене, со протеза, мора да вежба секоја недела од четири до осум часа. Во спротивно нема да може да плива. Ова е многу долга дистанца, а јас вежбав секој ден на помало растојание. Колку е подолга дистанцата толку повеќе треба да се вежба, вели тој и додава дека животот е убав, а соништата се остваруваат“ - вели тој. 

Вели дека црпи енергија од природата и љубезните домаќини. Сака да ги мотивира луѓето со физички недостатоци да не се откажуваат од предизвиците.

Идејата да учествува на маратонот се јавила лани, кога успеал во бура, силно невреме и бранови да преплива од Струга до Охрид.

Слично

Поврзани вести