Човечки труп е извлечен од водите на Вардар во Велес
Кај мостот „Гемиџии“ во Велес денеска околу пладне e извлечен човечки труп од водите на реката Вардар.
По наредба на Основен јавен обвинител кој бил на увид на настанот телото е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје, соопшти за МИА, Верољуб Додевски портпаролот на СВР Велес. Се работи на утврдување на идентитетот на лицето. Еден од пожарникарите кој учествувал во извлекувањето за МИА информира дека трупот бил во поодмината фаза на распаѓање.
Слично
