Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чочекот го приредил Актор - Од министерство за транспорт се оградуваат од трубачите

Чочекот го приредил Актор - Од министерство за транспорт се оградуваат од трубачите

Вчерашната прослава на отворањето на автопатската делница Демир Капија - Смоквица со трубачи и блех музика во еден од тунелите ја организирала градежната компанија Актор од Грција која и го градеше автопатот. Тоа значи дека во прославата со чочеци не учествувала ниту една државна институција, а тоа го потврдија и од министерството за транспорт и врски кои се оградија од трубачите во тунелот. 

„Ниту Министерството за транспорт и врски ниту друга државна институција не е организатор на било каква забава“, стои во соопштението.

Од Министерството за транспорт и врски додаваат дека се одговорна и транспрантна институција, чија единствена цел е да обезбеди квалитетни услуги во рамките на своите надлежности.

Од Актор велат дека прославата во тунелот ја организирале вон протоколот и се извинуваат ако била погрешно разбрана.

Инаку, автопатската делница Демир Капија – Смоквица е целосно завршена и од денеска ќе биде пуштена во сообраќај за секаков вид на возила


Слично

Поврзани вести