Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Членство во ЕУ без право на глас“ е манипулација, штетата е национална: Жерновски за изјавата на Мицкоски дека ни било нудено членство во ЕУ

„Членство во ЕУ без право на глас“ е манипулација, штетата е национална: Жерновски за изјавата на Мицкоски дека ни било нудено членство во ЕУ

Поранешниот амбасадор Андреј Жерновски преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека на Македонија ѝ било нудено членство во Европската Унија без право на глас.

Жерновски оценува дека станува збор за „сериозна манипулација и дефокус“, посочувајќи дека ваквата теза експлицитно била демантирана од евроамбасадорот Михалис Рокас, кој нагласил дека во ЕУ не постои категорија членка без право на глас.

„Кога немаш резултати, произведуваш наратив. Кога немаш план, измислуваш приказни“, наведува Жерновски во објавата, додавајќи дека наместо фокус на реалните обврски од преговарачката рамка и на реформите, јавноста се соочува со, како што вели, „измислена понуда“.

Според него, кога премиер зборува за наводна понуда од ЕУ, тоа не е партиска изјава, туку државна позиција, а јавното демантирање од европска страна предизвикува сомнеж во сериозноста и капацитетот на институциите.

Жерновски предупредува дека ваквите изјави можат да ја нарушат довербата во Брисел и да создадат впечаток дека европската интеграција не е вистински приоритет.

„Времето не работи за нас. Регионот се движи, геополитиката се менува. Секој дефокус ја намалува довербата што тешко се градеше“, наведува поранешниот амбасадор, додавајќи дека Македонија од „добра вест“ во Брисел ризикува да стане „фуснота поради недоследност“.


Слично

Поврзани вести