Економија, финансии, бизнис

Контакт

Членовите на СДСМ на конгресот ќе можат да гласаат „за“ и „против“ Заев

Членовите на СДСМ на конгресот ќе можат да гласаат „за“ и „против“ Заев

Премиерот Зоран Заев е единствен кандидат за претседател на СДСМ, но членовите ќе гласаат „за“ и „против“ него на конгресот на 21 март. 

Заев ова го соопшти попладнево на прес-конференција во партиското седиште.  Вели дека на секого му било овозможено да се кандидира за лидер на партијата, но други кандидати не се пријавиле. Заев побара поддршка за трет лидерски мандат. 

„Никој во СДСМ нема да се кандидира за функција, само за да биде функционер, туку да врши должност и да биде служител на граѓаните“, додаде Заев.

Тој е на чело на партијата од 2013 година. Заев презентираше кои се неговите идеи и визија за тоа по кој пат треба да се движи СДСМ. 

Слично

Поврзани вести