Економија, финансии, бизнис

Контакт

Членовите на ДИК ќе ги вратат или донираат парите кои ги зеле

Членовите на ДИК ќе ги вратат или донираат парите кои ги зеле

Државната изборна комисија на јавна седница денеска расправа за отповикување на донесените одлуки за определување на надоместок за членовите на Државна изборна комисија и вработените во стручната служба за спроведените избори.

Виолета Дума, при расправата изјави дека таа и нејзиниот колега Игор Милев, донеле лична одлука да ги вратат парите или во буџетот или како донација.

Но, Дума рече дека таа е убедена дека ги заслужува парите затоа што четири месеци Комисијата работела деноноќно. 

Членот на ДИК предложен од ДУИ, Субхи Јакупи, вели дека ќе ја поддржи одлуката за враќање на надоместоците.

„Мојот труд не се цени,  па затоа земам и надоместоци. Инаку ја поддржувам идејата за враќање на бонусите“ – рече тој.

И претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, е решен да ги врати парите од надоместоците за членовите и вработените во ДИК.

Амбасадорот на САД, Џес Бејли вчера објасни дека за локалните избори, членовите на ДИК земале плус четири плати, одлука што ја изгласале едногласно на затворени седници. Подоцна се откри дека членовите на ДИК донеле одлука да си исплатат бонуси во вредност од вкупно 12 плати: четири за локалните избори во октомври годинава, пет за предвремените парламентарни избори во декември лани, како и три за изборите кои беа закажани во април 2016, а потоа беа одложени.

Слично

Поврзани вести