Членови на ВМРО-ДПМНЕ сакаат да влезат на судење за „ТНТ“
Членови на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои има и функционери, упорно сакаат да влезат во Кривичниот суд и да присустуваат на судското рочиште за предметот „ТНТ“ на поранешното Специјално јавно обвинителство кое се ближи при самиот крај кога станува збор за првостепената пресуда.
Меѓу 20-тината упорни членови на опозицијата се и оратеничките Невенка Стаменковска и Жаклина Пешевска, како и Александар Трајковски, советникот на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Гази Баба, кој е обвинет во случајот „Шамарите во Општина Центар“.
Тие пред новинарите рекоа дека не ги пуштаат да влезат, а претходно им било речено дека судската сала е веќе исполнета.
Обвинетите за насилното уривање на „Космос“ во општина Гази Баба имаат определени адвокати по службена должност. Вчера на барање на адвокатите определени по службена должност, се одложи првостепената пресуда. Судечкиот совет го одложи судењето за денес бидејќи одбраната немаше време да се подготви за предметот.
Адвокатката Иванка Јакимовска која беше поставена да го брани поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, како еден од обвинетите, побара судењето да се одложи бидејќи според неа, некоректно е да брани клиент, а да не го знае предметот. Судот го прифати барањето и денес одбраната треба да даде обвинетиот Миле Јанакиески. Судењето продолжува утре во 9,30 часот.
