Економија, финансии, бизнис

Контакт

Членови на СДСМ на средбa со дијаспората - имаат мерки и за нив

Членови на СДСМ на средбa со дијаспората - имаат мерки и за нив

Членовите на извршниот одбор на СДСМ, Едмонд Адеми и Аднан Џафероски, се сретнале со македонски државјани во Брисел кои живеат и работат во Белгија.

На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба во Македонија, за фокусираноста на СДСМ на организирање и на одржување фер избори во декември.

Адеми и Џафероски соопштиле и повеќе мерки со кои се отвора шанса за граѓаните кои заминале од Македонија да можат да се вратат. Една од нив е директна поддршка од државата на третина од инвестицијата на повратник од странство, ако со неа бидат вработени повеќе од 10 лица.

„На средбата се разменети идеи и размислувања со припадниците на дијаспората околу нивната важна улога во обнова на државата по изборите на 11 декември. Пораката на присутните граѓани од дијаспората, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци, на денешната средба со претставниците на СДСМ во Брисел, е стабилна Македонија, економски развиена и со институции што се грижат за сите граѓани подеднакво, како за оние кои живеат во државава, така и за оние кои се на привремена работа во страство“ - соопштија од СДСМ.

Од партијата велат дека  планираат да го подобрат животниот стандард и да мотивираат живот во Македонија. 




Слично

Поврзани вести