ЧЛЕНКА СМЕ НА ВОЕН СОЈУЗ ВО КОЈ ЗА СОЈУЗНИК ИМАМЕ НЕПРИЈАТЕЛ КАКО БУГАРИЈА, ПА ГРЦИЈА КОИ НЕ НЕ ПРИЗНАВААТ: Какви се тие сојузници кои те негираат како народ? Тасевски распали за НАТО
Актерот Сашо Тасевски како многупати досега се огласи на фејсбук, овој пат за НАТО алијансата.
„ Членка сме на воен сојуз во кој за сојузник имаме архи непријател како Бугарија, па Грција кои не не признаваат како народ и плус уште десетина други сојузници кои ги поддржуваат Бугарија и Грција во непријателството кон нас.
Какви ти се тие сојузници кои те негираат како народ на секој чекор?
Го гледате апсурдот?
И утре во евентуална светска војна очекуваме овие сојузници да не бранат, зашто ние практично и немаме самоодржлива армија, која може сама да се брани од евентуален напад.
Замисли утре те нападне некој од воздух и ти да чекаш на Грција и Бугарија да ги кренат своите авиони и ракетни системи да те бранат“ се вели во дел од неговиот статус на Фејсбук.
