Економија, финансии, бизнис

Контакт

Членка на УО на МЕПСО нарачала и платила нефункционален систем: Заработи кривична пријава

Членка на УО на МЕПСО нарачала и платила нефункционален систем: Заработи кривична пријава

Поранешен член на управен одбор на МЕПСО заработи кривична пријава за набавката на информациски систем кој бил финансиран од Светсакта банка. Управата за финансиска полиција во понеделникот ја пуштила пријавата против К.Г. до Основното јавно обвинителство. Осомничената била член на одборот во периодот од 24.06.2009 до 17.02.2016 година и одговорен проект менаџер за Пакет 14 – Набавка и имплементација на компјутеризиран деловен информациски систем (БИС) финансиран од заемот на Светска банка – ECSSE APL – 3 Macedonian project. Пријавата е за несовесно работење во службата. 

„Пријавената К.Г., во својство на одговорен проект менаџер несовесно постапила во вршење на своите овластувања и должности, на начин што потпишала и потврдила прием и имплементација и овозможила плаќање на Бизнис информациски систем, набавен од Конзорциум Кинг ИЦТ ДООЕЛ Скопје и Кинг ИЦТ ДООЕЛ Загреб, иако испорачаниот систем не бил функционален, односно не бил изработен согласно техничките спецификации, одделни модули давале погрешни податоци и извештаи, договорените и платени продукциски лиценци никогаш не биле инсталирани, ниту пак во гарантниот период презела соодветни мерки и дејствија со кои би се исправиле сите недостатоци и купениот софтвер би се интегрирал целосно согласно договорените спецификации и на тој начин го оштетила буџетот на АД МЕПСО за износ од 22.215.675,00 денари стои во соопштението од Управата. 


Слично

Поврзани вести