Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧЛЕН ВО УПРАВЕН ИЛИ НАДОЗРЕН ОДБОР САМО СО ПЕТГОДИШНО ИСКУСТВО – ќе се менува законот, ќе се формира и комисија за селекција

ЧЛЕН ВО УПРАВЕН ИЛИ НАДОЗРЕН ОДБОР САМО СО ПЕТГОДИШНО ИСКУСТВО – ќе се менува законот, ќе се формира и комисија за селекција

Идните членови на надзорни и управни одбори во јавните претпријатија ќе мора да имаат најмалку пет години работно искуство ако сакаат да бидат избрани за членови на некое тело. Ова се планира со измените на Законот за јавни претпријатија кои се доставени во Собранието. Исто така ќе се формира и посебна Комисија за селекција во рамките на Владата, која ќе биде задолжена да ги први интервјуата со кандидатите и да ја состави ранглистата на најдобри кандидати.

Работата на јавните претпријатија е регулирана со Законот за јавни претпријатија, кои се основани заради вршење на дејности од јавен интерес, кој утврдува дека јавните претпријатија се управувани од управен, надзорн одбор и директорот.

Со измените наместо 3 години работно искуство од областа на финансиското работење и правните работи, членовите на одборот треба да имаат најмалку 5 години работно искуство од областа.

- Ова би значело дека членовите на управниот односно надзорниот одбор треба многу добро да ја познаваат работата на јавното претпријатие како и сите прописи кои се однесуваат на работата на јавните претпријатија – се наведува во предлог измените доставени во Собранието.

Дополнително, со овој Предлог на закон се олеснува административната постапка за избор на членови на управниот, односно надзорниот одбор од причина што во досегашното законски решение беше вклучена Комисија за човечки ресурси и одржлив развој која е основна комисија на Владата и која според Деловникот за работа на Владата не е надлежна да спроведува постапки за избор и именување на членови на управни и надзорни одбори.

-  Со овој Предлог на Закон се предлага формирање на Комисија за селекција во рамките на Владата која ќе врши административна обработка на примените апликации врз основа на претходно објавен оглас за пријавување на кандидати за пројавување на интерес, ќе спроведува интервју со кандидатите, ќе изготвува ранг листа на најдобро рангирани кандидати и истата ќе ја достави до основачот – се појаснува во законското решение.

Предлагачите, кои се претставници на владејачката коалиција, поточно Љупчо Пренџов од ГРОМ, Бојан Стојаноски од ВМРО, Даниел Стојчевски ЗНАМ,  Драган Ковачки ВМРО и Ријад Шаќири од Алијанса на Албанците бараат истиот да се донесе по скратена постапка.

-  Целта на овие измени на Законот за јавните претпријатија е да се изврши зајакнување на критериумите за именување членови на управен, односно надзорен одбор на јавното претпријатие при што наместо 3 години работно искуство од областа на финансиското работење и правните работи, потребно е да имаат најмалку 5 години. Се олеснува административната процедура за избор на членови на начин што се предлага наместо објавување јавен оглас да биде објавен оглас за пријавување на кандидати за пројавување интерес на веб страницата на Владата, при што Владата ќе формира Комисија за селекција која ќе спроведува интервју со кандидатите и ќе изготвува ранг листа на најдобро рангирани кандидати – се појаснува во законот.

Деталите од ова законско решение откриваат дека се менува Членот 17 -а и гласи : ,,За избор на членови во управниот одбор на јавното претпријатие основано од Владата три месеци пред истекот на мандатот на постојните членови, Владата објавува јавен повик за пројавување интерес за пријавување кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор со времетраење од три дена на својата веб-страница и на веб-страницата на јавното претпријатие за кое е распишан јавниот повик“.

-  Владата формира Комисија за селекција на членови во управниот одбор на јавното претпријатие основано од Владата, која се состои од пет членови и нивни заменици. Претседател, негов заменик, еден член и негов заменик, од редот на вработените во Канцеларијата на Претседателот на Владата, еден член и негов заменик од Секторот за човечки ресурси во Генералниот секретаријат на Владата, еден член и негов заменик од редот на вработените во Генералниот секретаријат на Владата и еден член и негов заменик од редот на вработените во јавното претпријатие – се појаснува во законот.

Кај општините или градот Скопје, избор на членови во управниот одбор на јавното претпријатие, на предлог на градоначалникот, Советот формира Комисија за селекција составена од претседател и негов заменик, од редот на вработените во општината односно во градот Скопје, еден член и негов заменик, вработени во организациона единица за управување со човечки ресурси во општината од која е основано јавното претпријатие и еден член и негов заменик, вработени во јавното претпријатие за кое е објавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидатите.

П.О. 

Слично

Поврзани вести