Член на Судскиот совет си поднесе оставка пред Павлина Црвенковска да биде избрана за претседател
Владе Богданоски, член на Судски совет, побара од Собранието да му престане мандатот заклучно со крајот на овој месец.
Ваквата одлука на Богдановски доаѓа за време кога во четвртокот Павлина Црвенковска беше избрана за нова претседателка на Судскиот совет, на местото на Киро Здравев кому му заврши мандатот.
- Барам да ми престане мандатот на член на Судскиот совет, заклучно со 31 мај 2021 година, поради лични причини, пишува во барањето Богданоски.
Документот во законодавниот дом бил доставен на 20 април Богданоски за член на Судски совет беше избран во 2016-та година.
Слично
