Член на обезбедувањето на премиерот доби условна за семејно насилство
Обезбедувањето на премиерот доби условнa за семејното насилство врз сопругата.
Член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, доби условна казна од три години, за делото со претепување на сопругата.
„На денешното рочиште обвинетиот призна вина и судот му определи казна затвор во траење од една година и шест месеци, доколку во наредните три години стори друго кривично дело“, велат од Кривичен суд.
По претходна вербална расправија во семејниот дом, обвинетиот физички ја нападнал оштетената, удирајќи ја по лицето и главата пред нивната малолетна ќерка, а потоа ја фатил за вратот и почнал да ја дави. Жената успеала да се засолни во тоалет, а подоцна, додека со детето се обидувала да го напушти домот, обвинетиот ѝ го одзел и оштетил мобилниот телефон.
Таа заедно со ќерката побарала помош кај сосетка, која ги примила во својот дом.
