Член на нарко-картелот „Барон“ јавно и се заблагодари на Силјановска Давкова за помилувањето
Членот на нарко-картелот „Барон“, Акиф Равманоски, е еден од листата со лица на кои им следуваше помилување од страна на претседателката Гордана Силјановска Давкова.
Тој јавно преку социјалните мрежи изрази благодарност до шефот на државата што сега повторно е на слобода. Тој напиша дека е горд што токму таа ја претставува Македонија.
„Почитувана… бескрајна благодарност до вас! Се гордеам што токму вие сте нашата Прва Дама на Републиката!“, напиша тој.
Равмановски кој се најде прв на списокот, е осомничен за пукањето што се случи пред десетина дена во скопски Чаир кога едно лице, припадник на кланот Грчец беше тешко рането.
Слично
