ЧЛЕН НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА РЕПЛЕК СИ КУПИ НОВИ АКЦИИ - Андреевски го зголемува својот уддел во компанијата
Нова купопродажба на акции на фармацевската компанија „Реплек“ е реализирана на домашната берза, со која со нов сет на акции се стекна Петар Андреевски кој е член на надзониот одбор на компанијата.
За оваа промена известува самата Реплек преку Македонска берза, согласно Правилата за котација.
- Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, Реплек АД Скопје објавува
Член на Надзорниот Одбор на Реплек АД Скопје, Петар Андреевски се стекна со 30 нови акции при што вкупно поседува 100 акции - се наведува во соопштението.

Инаку Андреевски е главниот извршен директор на ВФП Фонд Менаџмент, Петар Андреевски.
Просечната цена на оваа акција е 15.990 денари, постигната на последното тргување забележано на 25 август.
