Економија, финансии, бизнис

Контакт

Член на „Левица“ го осуди настапот на сексуалните работнички во Универзална сала

Член на „Левица“ го осуди настапот на сексуалните работнички во Универзална сала

Бранко Ристов, советникот на Општина Карпош и член на Президиумот на „Левица“ го осуди синоќешниот перформанс на сексуалните работнички пред јавноста во Универзалната сала во Скопје.

Според носителот на изборната листа на „Левица“ во ИЕ4 на последните парламентарни избори, продавањето на женското тело не смее да се смета како прогресивна идеја.

„Кој друг ако не либерали би пробале идејата за комодификација на женското тело да ја шиткаат како прогресивност.“, напиша Ристов на Фејсбук.
Настапот во излози во Универзалната сала се одржува под името SKOPJE RED LIGHT DISTRICT 2020. Тој се одржува втор пат во организација на СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалиција МАРГИНИ. Идејата беше, со интересниот перформанс, Скопје да заличи на Амстердам со улицата на црвените ференери во која се наоѓаат борделите

„Пет девојки пред жешките излози на Универзална сала кои за момент ќе Ви го доближат шармот на улицата на црвените фенери со борделите во Амстердам, но и на времето кога Скопје живеело боемски живот и се будело со првиот мрак и посетите на атрактивните сексуални работнички“, стоеше во најавата. Настанот е поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија и SWAN – Sex Workers’ Rights Advocacy Network и се организира во рамки на Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници. 


Слично

Поврзани вести