„ЧИТАМ НЕКОЈ ОБИД ЗА ДЕМАНТ, ВО КОЈ МОЖАМ ДА ПРОНАЈДАМ СЕ, САМО НЕ НЕГИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ“: Жерновски за Лефков
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, кој владејачката партијата го избра да одржува серија на театрални патриотски прес конференции невешто извежбани пред огледало, сам си падна во јамата што им ја копаше на други.
Откако параноично бараше инсталации на странски служби во државата, трагикомично посочувајќи го СДСМ како партија која е “целосно финансирана од бугарски фондови”, а мене како “домашен предавник”, веќе утредента пристигна веста дека, верувале или не, околу 20-тина од семејството Лефкови од Кочани, сите први и втори братучеди, како и неговиот брат Иван, се бугарски државјани кои поминале низ постапка во која декларирале дека имаат дедо Бугарин и дека и самите се чувствуваат како Бугари - напиша Жерновски на Фејсбук.
Потоа дополни „да бидам докрај искрен, во целата моја политичка кариера досега немам видено вакви самоубици во заседа. Просто неверојатно!“
Тој зборуваше и за демантот на Лефков.
- Читам утрово некој обид за демант, во кој грандиозен текст можам да пронајдам се’, само не негирање на изнесените податоци.
Никако “лидерот” да ни каже дали е вистина дека аплицирал за бугарски пасош.
Ајде, ќе го чекаме уште, додека не смисли нешто. А можеби и му е попаметно да молчи, отколку да дава вакви “деманти” како глумецов со длабок глас и плитки мисли - заклучи на крајот Жерновски.
