Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чистењето во скопско заврши – ДЗС ја повлекува механизацијата

Чистењето во скопско заврши – ДЗС ја повлекува механизацијата

Дирекцијата за заштита и спасување ја повлекува механизацијата од скопско.

Се работи за 96 камиони и багери кои биле ангажирани на терен во расчистување на поплавените подрачја.

Ова го соопшти директорот на ДЗС, Шабан Салиу кој рече дека во поплавените региони ДЗС со 3.400 вработени исчистила и тампонирала 71 улица во должина од 15.700 метри, а исчистени се канали и речни корита во должина од 8,6 километри. Екипите дезинфицирале и дератизирале 447 објекти, испумпале вода и кал од 53 куќи, исчистиле 67 септички јами, а чистеле и куќи и дворни места од кабаст отпад, санирале свлечишта, темели на куќа, потпорни ѕидови и друго. Преку ДЗС биле ангажирани 19 фирми.

Салиу изрази сочувство до семејствата на настраданите во поплавата. Тој кажа дека досега не е пронајдено 16-месечното дете по кое се трага.

На 6 август во поплавите се удавија 22 луѓе од различни возрасти.

Слично

Поврзани вести