„Таа била пријавена на 14 март од сопственичките на трите станови, каде повремено било ангажирана за чистење, дека ја искористила нивната доверба и во повеќе наврати одзела поголема количина златен накит. На 16 март, врз основа на судска наредба, биле извршени претреси во домот на М.А. и во домот на нејзината мајка, при што бил пронајден дел од накитот, кој бил вратен на сопственичките“, соопшти МВР.
М.А. била приведена во полициска станица и против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
