Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чија поддршка „виси“ за уставните измени?

Чија поддршка „виси“ за уставните измени?

Осумтемина пратеници на опозицијата кои гласаа за отворање на Уставот, се против барањата на БЕСА. Велат дека не треба да се менува она што е Договорено со Грција, односно дека треба да остане државјанството „македонско/граѓанин на Република Северна Македонија“.

Доколку се прифати барањето на БЕСА, да се избрише „македонско“, тие најверојатно ќе се повлечат и нема да ги поддржат уставните измени.

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција во Владата рече дека според негово сознание пратеникот Панчо Минов, од ГРОМ, ќе гласа за уставните измени.

„Пратеникот Панчо Минов ќе гласа, но работеше на амандманите. Вграден е на три-четири пати во амандманите со неговата креативност во предлозите и тоа ќе биде составен дел во новиот Устав доколку се изгласаат ваквите уставни амандмани и уставниот закон„ изјави Заев.

Договор засега нема со БЕСА. Попладнево ќе се одржи седница во Собрание за уставни измени. Процесот влегува во финална фаза. 

Слично

Поврзани вести