ЧИЈА НАРЕДБА ДА СЕ ПОЧИТУВА: Вработените во МВР во клинч меѓу Чулев и Владата
Законско е или незаконско прераспределувањето на вработени во МВР?
Кој да го слушаат 89-те врабтени во МВР по поништените решенија од страна на Владата, кои техничкиот министер пак им ги врати на работниците кои се прераспоредени.
Дали Владата, дали министерот под чија капа се вработени? Ова прашање се поставува со новите случувања во МВР.
За потсетување Владата реши да ги поништи решенијата со кои беа распоредени вработени во министерството за внатрешни од страа на техничкиот министер.
Според премиерот Оливер Спасовски кој е на чело на преодната влада, министерот Чулев согласно законот има право на 15 промени во раководните структури а тој веќе извршил 14. Оттука , Спасовски тврди дека распоредувањата не се законски.
Од друга страна пак техничкиот министер обвинува дека Владата му се меша во работата на министерството и ги известил вработените дека доколку не го почитуватат неговиот збор ќе сносат кривична одговорност.
