Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чии играчи се Груевски и Мицкоски?

Чии играчи се Груевски и Мицкоски?

Чии играчи се Груевски и Мицкоски?“ - Ова прашање го поставува владеачката СДСМ посочувајќи дека ВМРО ДПМНЕ уште еднаш го покажало  режимското лице на раководството.

-Режимот делува најпанично кога целосно се распаѓа и кога го губи тлото под нозете, осветувајќи се и врз сопственото членство. Анти-македонскиот носител на криминалот и режимот, Никола Груевски заедно со неговиот анти-западен пион Христијан Мицкоски продолжуваат да им докажуваат на сите граѓани дека се против НАТО и ЕУ“ - соопштуваат од СДСМ.

Од партијата на Заев ги повикаа екс премиерот и сегашниот да излезат и јавно да соопштат дека се против НАТО и ЕУ бидејќи, како што додаваат „очигледно е дека режимската лага веќе не им проаѓа ниту меѓу сопственото членств“о.

„Ги повикуваме сите демократски сили во земјата, сите пратеници и граѓани кои сакаат Македонија да успее како земја членка на НАТО и ЕУ, да се приклучат кон националното обединување. Македонија расчисти со поделбите на Груевски и Мицкоски. Македонија е земја во која институциите обезбедуваат правна држава по европски стандарди. Сега е време политички раскараните граѓани да се помират и Македонија да продолжи напред како економски силна земја, едно општество за сите.

На едната страна се изолираниот режим и криминал на Груевски, на другата страна е растечкото национално обединување на граѓаните.

Македонија избира обединување, режимот останува изолиран во својот бел бункер. Граѓаните на Македонија го ставија режимот на Груевски и Мицкоски во ќош“, соопштија од СДСМ.

Слично

Поврзани вести