Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чие е „пунтото“ на скромниот Груевски?

Чие е „пунтото“ на скромниот Груевски?

Претседателот во оставка на ВМРО-ДПМНЕ својот најверојатно последен протест со опозицијата го предводеше со автомобил „фиат пунто“ за кој дел од медиумите кои и натаму цврсто ги поддржуваат неговите политики пренесоа дека бил стар 20 години и во сопственост на скромниот екс премиер.

Сепак, пунтото Груевски како лична сопственост Никола Груевски никогаш не го пријавил во задолжителните имотни листови од Антикорупциска на што се должни сите носители на јавни функции.

Воопшто, во анкетните листови на Никола Груевски никогаш не е наведено дека поседува автомобил на негово име, па останува прашањето дали пунтото е негово, а не пријавено што е еден вид на прекршок или пак му е само позајмено за вчерашниот протестен караван со кој ВМРО-ДПМНЕ веќе десетина дена изразува револт за 36 притворени лица осомничени за крвавите настани од 27 април со упадот во Собранието.

Обидот Груевски кај дел од неговите лојални медиуми да се претстави како скромен политичар близок до народот кој по завршувањето на политичкиот мандат вози евтин автомобил не пројдоа според очекуваното, особено не на социјалните мрежи каде врие од потсмевливи коментари и пародии.


Слично

Поврзани вести