Чичко Трајче оди од градче до градче и бара било каква работа за да заработи за корка леб
Социјалните мрежи се место на кои може да се најдат корисни информации, да се разменат искуства, но и каде се споделуваат разни приказни од секојдневниот живот.
Денеска налетавме на една приказна која допре до нас и решивме да ја споделиме со вас, нашите читатели.
Чичко Трајче кој има 48 години, воопшто немал лесен живот. По смртта на неговата мајка останал сосема сам.
Сега тој патува од градче до градче со автостоп и моли за било каква работа за да може да се прехрани и да има каде да спие.
Во приказната, понатаму се раскажува дека чичко Трајче нема ништо , само топло срце кое е жедно за живот.
Апелите до граѓаните се да ја споделиме оваа приказна и да му помогнеме на чичко Трајче на било каков начин.
Слично
