„ЧИЧКО ЈУГО ЗАГИНА ПОД СОПСТВЕНИОТ ПРОЗОР, ГО УБИЈА СО МОТОР“: „Секој нов прегазен живот е доказ дека улиците ни стануваат градски гробишта“, вели сестрата на Фросина Кулакова
На социјалните мрежи се споделува потресно сведоштво за чичко Југо, човек кој неодамна бил прегазен од мотоцикл во близина на паркот на Франкофонијата.
„„Да умрам недалеку од местото кај што се родив", најчесто се поистоветува со човековата желба, честопати вкоренета во чувството на поврзаност со сопственото потекло и желбата за враќање кон домот, корените...
Чичко Југо, татко на две прекрасни ќерки кои израснаa во прекрасни мајки и му подарија три внучиња. Чичко Југо на никого ништо не му згрешил, да не го знаеш ќе се чудиш од каде толку фин, културен, кога и да те види ќе те поздрави, ќе ти направи секогаш фин муабет. Нема човек кој не го сакаше, не го почитуваше.
Чичко Југо загина под сопствениот прозор, буквално под сопствениот прозор. Го убија со мотор, скап мотор, без таблички, бегајќи од полиција на Кеј 13 Ноември, покрај Паркот на Франкофонијата, каде што секогаш си играат нашите деца, кои беа сведоци на настанот.
Секогаш ќе те памтиме само по добро чичко Југо“, стои објавено на социјалните мрежи.
За несреќата се огласи и сестрата на починатата Фросина Кулакова, Росица Кулакова, која реагира дека никој од нас не е безбеден.
„Секојдневно се будиме со вести за уште еден живот згаснат под тркалата на некој манијак!
Ова не се "несреќи", туку симптом на општество што ги толерира дивјаците и ја игнорира безбедноста на пешаците.
Додека полицијата и судството си играат „кошарка“ со ненадлежноста и неказнивоста, ние секој ден се движиме по улици каде секој следен чекор може да не чини живот..
Никој од нас не е безбеден! Ни бабата со кесите од пазарче, ни детето што трча по топка, ни нашите најблиски што се враќаат дома.
Секој нов прегазен живот е доказ дека улиците ни стануваат градски гробишта, а судството - ковчег на неправдата. Доста не газевте!
Сочувство до семејството на чичко Југо “, напиша таа.
Слично
