Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЧИЧКО ГОЦЕ, ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА СЀ“: Ѓорѓиевски со емотивен статус се прости од Тодоровски

„ЧИЧКО ГОЦЕ, ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА СЀ“: Ѓорѓиевски со емотивен статус се прости од Тодоровски

Со емотивна објава на социјалните мрежи, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се прости од актерот Гоце Тодоровски.
„Почивај во мир, легендо…

Не постојат вистински зборови за простување од човек кој оставил толку многу убавина, спомени и човечка топлина зад себе.

Имавме многу заеднички моменти, разговори, средби и спомени кои денес добиваат уште поголема вредност.

Спомени што ќе ги носам со себе и кои времето никогаш нема да ги избрише.

Гоце Тодоровски беше дел од нашето детство, од нашите домови, од нашите животи.

Со неговите улоги растевме ние, растеа нашите родители, а ќе растат и генерациите што доаѓаат по нас.

Целиот свој живот ѝ го посвети на уметноста, оставајќи зад себе богатство кое нема цена. Секоја негова улога, секој негов збор и секоја емоција на сцената остануваат како траен печат во македонската култура.

Денес замина човекот, но легендата останува.

Чичко Гоце, ти благодарам за сѐ!

Ти благодарам за добрината, за насмевката, за човечноста и за сите моменти што имав чест да ги споделам со тебе.

Ти благодарам за неповторливиот придонес во македонската уметност и за неизбришливата трага што ја остави во срцата на сите нас.

Тешко е да се прифати дека повеќе нема да те сретнеме и да ја почувствуваме твојата топлина.

Но луѓето како тебе никогаш вистински не заминуваат.

Тие продолжуваат да живеат во своите дела и во сеќавањата на оние што ги сакале.

Нека ти е светол патот кон вечноста“, напиша тој.



Слично

Поврзани вести