Чичаковски: Со вградувањето фотографија во избирачкиот список се намалува можноста за злоупотреба
Со вградувањето за прв пат на фотографијата во избирачкиот список се намалува можноста за злоупотреба на правото на глас во Република Македонија, изјави претседателот на ДИК, Александар Чичаковски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Според него, тоа е уште еден механизам со кој се гради доверба во избирачкиот список за овие избори.
Нееднаквоста во бројот на запишани избирачи по изборни единици може да го загрози еднаквото право на глас, но тоа треба да го оцени Уставниот суд, додава тој.
„ДИК во овој состав, од нашето именување до денеска, е фокусирана на градење на институционални капацитети за спроведување фер и демократски избори кои ќе бидат признаени од сите политички субјекти и потврдени од меѓународната заедница“ - вели Чичаковски.
Вели дека ДИК е подготвена да спроведе избори кои ќе бидат признаени од сите политички субјекти и од меѓународната заедница.
