Чичаковски избран за судија
Поранешниот претседател на Джавната изборна комисија прелдожен од СДСМ, Александар Чичаковски, е избран за судија во Управен суд со 11 гласа од Судскиот совет.
Со новиот закон судиите од Управниот суд ќе треба да водат и судски расправи, а Чичаковски беше оценет како добар кадар „кој се покажал како прв човек своевремено во ДИК“.
За две места во Управниот суд беа пријавени 31 кандидат.
Чичаковски заедно со останатите членови во ДИК поднесоа оставки откако во јавноста беше објавено дека на затворена седница си поделиле високи бонуси.
Освен Чичаковски, членовите на Советот ја избраа Елеонора Ајро за судија во Управниот суд.
Слично
