Чичаковски го токмат за судија во Управниот суд?
Поранешниот претседател на ДИК, Александар Чичаковски, познат по тоа што ја водеше комисијата за време на најтензичните парламентарни избори во македонската историја во декември 2016-та според извори на Досие ќе биде судија во Управниот суд.
Според извори на овој медиум, правникот кој дојде на функцијата прв чпвек на ДИК како номиниран од редовите на СДСМ е личен избор на министерката за правда Рената Десковска.
Од „Досие“ велат дека огласот е сокриен, односно тешко достапен за јавноста во електронска форма и не е достапен за секој кој би сакал да конкурира.
Се работи за две места едното за Македонец другото за Албанец. Македонското место е резервирано за Чичаковски.
Слично
