ЧИЧАКОВСКИ: Фер и демократски избори се услов за натамошен напредок на Република Македонија
Сите учесници на изборите да обезбедат фер и демократски избори со почитување на Уставот и законите во Република Македонија, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Чичаковски.
Во интервју за МИА тој потенцира дека утрешните локални избори се услов за натамошен напредок на земјата и дека ДИК ќе вложи напори за успешен изборен ден.
„Во името на сите членови на Државната изборна комисија, ги повикувам сите учесници во изборите, изборната администрација, политичките партии, граѓаните, да обезбедат фер и демократски избори со почитување на Уставот и законите во Република Македонија. Граѓаните на Република Македонија очекуваат од ДИК и од изборната администрација да се обезедат фер и демократски избори кои се услов за натамошен напредок на Република Македонија“ - вели Чичаковски.
Можам да ветам, наведе Чичаковски, дека ДИК ќе стори се за да имаме успешен изборен ден.
ДИК, според него, ги заврши сите активности за подготовка и организирање на Локалните избори 2017.
