Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чибишев алармира за полни амбуланти, прашува дали може се работи за кракен

Чибишев алармира за полни амбуланти, прашува дали може се работи за кракен

Периодов има гужви во здравствените установи и лекарите алармираат за оваа појава. 

Амбулантите и болниците се преполни со пациенти кои имаат температура, кашлаат, имаат воспаленија на бели дробови, а надлежните институции  уште немаат објаснување за каква инфекција се работи, вели доктор Андон Чибишев.

Според него, Македонија се наоѓа во епидемиолошки хаос. 


„Дали е тоа корона (кракен), бактерија, друг вирус или нешто четврто. Во неколку градови во државата нема педијатри, колегите гинат на работните места, не можат на сите на им помогнат, во други градови нема одредени медикаменти , општо нема лекови за ретки болести. Жално, неприфатливо, дно“, пишува Чибишев.

Кракен веќе е детектиран во соседна Грција. Сојот го има и во Романија. Тој брзо се рашири во Европа. 

Светската здравствена организација неодамна изрази загриженост поради брзо распространетиот кракен, подваријанта на микронскиот сој на корона вирусот (XBB.1.5.) кој ја зафати Америка. 

Слично

Поврзани вести