Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧЕТВРТОК И ПЕТОК ВАЖНИ ДЕНОВИ: Хан бара награда за Македонија наместо нестабилност

ЧЕТВРТОК И ПЕТОК ВАЖНИ ДЕНОВИ: Хан бара награда за Македонија наместо нестабилност

Четврток и петок се важни денови за Македонија.

Претстои самитот на лидерите на ЕУ на кој треба да се донесе одлуката за отворање на  пристапните преговори со Македонија, но и Албанија.

Во пресрет на тој самит европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан предупредува дека е важно Македонија да добие зелено светло од Сојузот.

Тој од Луксембур испрати порака дека Македонија по договорот и компромисот со Грција треба да биде наградена, а во спротивно ако бидат одбиени заедно со Албанија се заканува нестабилност за целиот регион.

„Сите треба да бидат свесни за тоа и се надевам дека на крајот ќе сфатат колку е важно да се испрати позитивен сигнал за регионот, кажал Хан на состанокот ЕУ и Црна Гора.

Слично

Поврзани вести