ЧЕТВРТА ЖРТВА: Жена им подлегна на повредите од несреќата кај Лесковац-длабоки трауми кај преживеаните
16 декември ќе остане длабоко врежан во сеќавањата на оние кои ја преживеаа несреќата кај Лесковац откако автобус на Еуробус се излизга и преврте кога возачот се обиде да претекне возило .
Оваа несреќа ја однесе во смрт и четвртата Македонка.
Повредени во оваа несреќа беа шестмина посериозно, додека 32 поминаа со полесни повреди.
Состојбата на останатите пет луѓе кои не успеаа да стигнат до Виена е стабилна.
Преживеаните раскажаа многу страотни сведоштва.
Eден од пациентите кој моментално е хоспитализиран во КЦ Ниш е и Ремзи Демиров (55) години кој вели дека преживеал само затоа што се разбудил неколку моменти пред несреќата.
Демиров беше меѓу патниците кои изминатиов викенд преживеаја страотна сообраќајна несреќа кога автобусот на Еуробус претекнувајќи возило се излизга и преврте при што загинаа 3 лица.
-Спиев некое време и кога автобусот почна да лизга по пат сфатив дека ќе слетаме, па цврсто се фатив за рачката од седиштето, момент после тоа почувствуваме удар и луѓето почнаа да паѓаат и да врескаат-прераскажува Демиров за српски курир и вели оти се сеќава дека раката му била заглавена под седиштето, па спасувачите меѓу последните го извлекле од искршениот автобус.
Неговото сведоштво прочитајте го тука.